Историја
Највисок квалитет. Ексклузивност. Во согласност со природата.
Според овие принципи, развиваме високо ефикасни иновации чија примарна цел е да ја поддржат кожата во нејзините природни функции и да ја задржат здрава. Ние ја направивме наша мисија да направиме ексклузивна нега на кожата произведена во Германија, остварлива и конкретна. Непрекинато работиме на ова со увереност, страст и највисоки стандарди.
НЕ СЕ ЗАДОВОЛУВАЈТЕ СО ПОМАЛКУ
Живееме во време кога вредностите се менуваат и ни треба нова дефиниција за луксуз. За нас, луксузот значи создавање на највисок квалитет додека сме свесни за вредноста на нашите ресурси. Додека чистата вода станува ретка стока, ние ја користиме најчистата изворна вода од Чимгау Алпите за производство на нашите производи. Нашето експертско знаење и искуство ни овозможуваат да користиме сировини од највисока биолошка чистота, каде што можат да ги развијат своите целосни, одржливи ефекти на целосно насочен начин. Како фамилијарна компанија, стоиме за цврст идентитет кој се состои од почит кон луѓето и природата, зачувување на добро докажаното, но и смелоста за промена, интегритет, безбедност и прозрачност и убеденоста да се прави правилно. Вистинското за луѓето, за вработените, за животната средина и, на крајот, за здравјето на кожата.
СЕ ЗАПОЧНУВА СО ВИЗИЈА
Идејата се појави уште во 1960 година: производството на уникатни производи за нега на кожата за одржување на здрава кожа со висококвалитетни состојки чија ефикасност е докажана и чија квалитет е неспоредлив. Д-р Хорст Шпилер ја претвори својата визија во мисија за целиот живот. Мисија која е и главен приоритет за нас и во втората генерација.
РАБОТИ СО ТВОЈАТА КОЖА, НЕ ПРОТИВ НЕА
Поддржувањето на кожата во нејзините природни функции и работење со неа, а не против неа, секогаш било нашето кредо. Нашите производи се дизајнирани според природните принципи и ги реплицираат структурните својства на кожата и нејзините природни механизми. Преку Д-р. Шпилер HYTEC емулзиониот систем успеваме во стабилизирање на хидролипидниот филм на кожата и да ги компензираме дефицитите за да го задржиме природниот баланс на екосистемот на кожата. Тоа е клучот кон здрава, балансирана кожа.
КАДЕ НАУКАТА СЕ СРЕЌАВА СО ПРИРОДАТА
Она што започна пред повеќе од половина век сè уште ги одредува нашите акции денес:базиран на интензивни истражувања, свесно ги развиваме и произведуваме нашите производи со најголема грижа, со секој поединечен чекор во наши раце. На нашата локација, среде природата, секој ден учиме од нејзините "стратегии". Ја сметаме за најдобрата лабораторија во светот. Таа ни служи како партнер, модел и извор на инспирација, чии чуда ги истражуваме во нашите лаборатории и ги доживуваме преку нашите развој. Традицијата се среќава со иновациите. Природата се среќава со најнапредните технологии.Работиме во хармонија со вредностите од вчера за напредокот на утрешницата.
НЕ БИДИ ИСТ, БИДИ ПОДОБАР
Нашите цврсти принципи се основа на нашиот успех. Градиме на основа на нашето знаење, нашите вредности и нашите вештини. Непрекинато инвестираме во нашата експертиза, во истражување и развој - цекогаш со цел да ги задоволиме највисоките барања, да ги препознаеме потребите на времето и на основа на тоа, да се надминеме себеси.
ДОБИЈТЕ ГО ПРЕТПОЗНАТЛИВИОТ ДР-ШПИЛЕР ИЗГЛЕД
Хармонијата на кожата е критичен компонент од личната харизма и со тоа на внатрешната и надворешната убавина. Производите на д-р. Шпилер, Pure SkinCare Solutions стојат точно зад ова тврдење. Специјалната карактеристика и сила на нашите производи лежи во нивната способност да ослободат активни состојки на нивната целна локација, каде што можат да ја исполнат својта функција и да развијат оптимална ефективност. Нашиот широк дијапазон на производи нуди продукти од повеќеобласти и решенија за скоро секоја состојба на кожата и сите индивидуални барања.