Враќање и Замена
Потрошувачот правото од ставот на овој член може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фактурата за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:
- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или
- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.
Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.“
Од наведената одредба произлегува дека не треба да постои некоја посебна причина за замена на производот, единствено условот истиот да не бил употребуван и да не бил изготвен по нарачка врз основа на писмен договор.
Полесно и послободно се купува кога си ги знаеме нашите потрошувачки права